Одржана обука за оценувачи

ИАРМ во периодот од 11-15.02.2008 година, успешно ја реализира Обуката за оценувачи. Обуката беше изведена во соработка со Акредитационото тело на Црна Гора (ATЦГ) и Акредитационото тело на Србија (АТС), согласно Договорите за соработка во областа на акредитација со истите акредитациони тела, потпишани на 29.01.2008.
Обуката беше организирана за клиентите и потенцијалните клиенти на ИАРМ. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења од областа на стандардите за акредитација и самиот процес на оценување и акредитација, со што добиваат можност да се вклучат како оценувачи во процесот на акредитација. Беа презентирани и објаснети стандардите кои се основа за успешна акредитација на едно тело за оцена на сообразност (лабораторија ISO 17025, инспекциско тело ISO 17020, сертификационо тело за производи EN 45011), како и запознавање со принципите за управување со квалитет ISO 9001 и проверка ISO 19011, а последниот ден беше презентиран системот за акредитација на ИАРМ и процедурите за оценување и акредитација на ИАРМ. На секој од учесниците кои редовно присуствуваа на обуката и активно учествува во дискусиите и изработката на вежбите, му беше доделен Сертификат за учество. Овој сертификат, како и знаењата стекнати во тек на обуката на учесниците им дава можност да бидат ангажирани како оценувачи, кои ќе бидат вклучени во оценувањата на компетентност на телата за оцена на сообразност (лаборатории за тестирање и калибрација, инспекциски и сертификациони тела), доколку ги исполнат и останатите критериуми дефинирани во регулативите и процедурите на ИАРМ и документите на ЕА (European co-operation for Accreditation).  



 

 

 

PUBLIC ANNOUNCEMENT