Трет состанок на Tехничкиот комитет за лаборатории за тестирање


Почитувани,
 
Ве известуваме дека на ден 27.04.2010 во 12 часот во Институтот за акредитација на Република Македонија ќе се одржи третиот состанок на Tехничкиот комитет за лаборатории за тестирање.
            За овој состанок го предлагаме следниов:
 
Дневен ред
 
  1. Усвојување на Записникот од II-от состанок на Техничкиот комитет за лаборатории за тестирање.
  2. Разгледување на предлог класификацијата по тип на тестирање и предлог класификацијата по тип на примероци за тестирање.
  3. Разгледување на документите:
    -          EA-4/07, Traceability of measuring and test equipment to national standards
    -          EA-4/14, Selection and use of Reference Materials
    -          ILAC-P10, ILAC Policy on traceability of measurement results
    -          ILAC-G24, Guedilenes for the determination of calibration intervals of measuring instruments.
  4. Разно.
 
Во прилог Ви ги доставуваме следните документи: Записник од II-от состанок на Техничкиот комитет за лаборатории за тестирање, предлог класификацијата по тип на тестирање и предлог класификацијата по тип на примероци за тестирање, EA-4/07, EA-4/14, ILAC-P10 и ILAC-G24.
 
 
Со почит,
Претседател на Техничкиот комитет за лаборатории за тестирање

Проф. Д-р Анета Димитровска