ЗА ИНСТИТУТОТ  ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ИАРМ)

Своите функции и овластувања ИАРМ ги врши согласно Законот за акредитација, Одлуката, Статутот и други акти на ИАРМ, стандарди и прописи од областа на aкредитацијата. ИАРМ е организиран и работи согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17011. При својата работа ИАРМ користи и други документи и упататсва на ЕА (European Cooperation for Accreditation) и меѓународните организации за акредитација ILAC (Intrenational Laboratory Accreditation Cooperation) и IAF (International Accreditation Forum), кои подетално ги разгледуваат горе наведените стандарди за одредни подрачја на акредитирање.

 

Мисија
На сите заинтересирани страни да им понуди aкредитација согласно пропишаните правила во закон, пропис или стандард и почитување на принципите на акредитација. Исполнување на мисијата се темели на барањата на соодветните македонски, европски и меѓународни стандарди и упататсва на ЕА (European Cooperation for Accreditation) и меѓународните организации за акредитација ILAC (Intrenational Laboratory Accreditation Cooperation) и IAF (International Accreditation Forum)

Визија
ИАРМ да стане препознатлив член на европските и меѓународните организации и да учествува во развојот на економијата на земјата.
Главната линија на визијата е ИАРМ да создаде услови за пристап до меѓународните шеми за взаемно признавање на:
  • сертификатите од калибрација;
  • извештаите од тестирањето;
  • сертификатите за оцена на сообразност; и
  • сертификатите/извештаиите од инспекцијата.
Корисници
ИАРМ ја врши својата работа за доброто на сите корисници (заинтересирани страни), непосредни како што се телата за оцена на сообразноста и посредни корисници како потрошувачите, индустријата и државните органи. ИАРМ се залага да на непосредните корисници им обезбеди ефикасна услуга со минимална цена за акредитација, а на посредните корисници им овозможи оцена на сообразност по разумна цена прифатена од сите купувачи на меѓународниот пазар. Со транспарентно работење, акредитации кои се потпираат на законодавството на ЕУ и обезбедува компетентност и доверба во телата за оцена на сообразноста ИАРМ се залага да стекне доверба кај државните органи и да претставува основа за нотификација на телата за оцена на сообразноста согласно директивите на ЕУ.

Цели
Преку процесот на акредитацијата, телата за оцена на сообразност да обезбедат доверба која придонесува за слободен проток на стока и услуги. Една од целите на денешниот развиен свет е да се постигне да акредитацијата и оцена на сообразноста се изведат само еднаш. За таа цел, телата за акредитација на меѓународно ниво развија така нареечен "peer evaluation" механизам кој овозможува меѓусебно признавање на резултатите од оцена на сообразноста со само една акредитација и само едно оценување на сообразноста.
Со процесот на меѓународно поврзување и развојот на меѓународната трговија се поважно станува да се обезбеди доверба и споредба на резултатите во меѓународни рамки, надвор од државните граници, па затоа сите процедури за акредитација се одвиваат согласно со меѓународно признатите стандарди од серијата ISO 17000 и ЕN 45000, а националните тела за акредитација се поврзуваат со меѓународните организации (EA, ILAC,IAF) што придонесува за поголема усогласеност на системот за акредитација.

Принципи
ИАРМ ги применува принципите на акредитација засновани на соодветни национални, европски и меѓународни стандарди и други документи на европските и меѓународните организации за акредитација. Тие принципи се:
  • транспарентност и достапност;
  • застапување на јавните интереси;
  • доброволен карактер на акредитацијата;
  • обезбедување на независност;
  • непристрасност при водење на постапка за акредитација и при решавање на жалби;
  • хармонизација и еквивалентност на постапките за акредитација со европските и меѓународните;
  • обезбедување на недискриминација;
  • градење на доверба кај клиентите;
  • заштита на податоците;
  • работење и донесување одлуки кои не се засновани на комерцијални интереси.
ИАРМ е организирана така што обезбедува независност на акредитационите активности, овозможува учество на заинтресираните страни во управувањето на ИАРМ водејќи сметка да ничии интерси не преовладуваат.

Улога
Основната улога на ИАРМ е да акредитира:
  1. лаборатории за тестирање (МКС EN ISO/IEC 17025)
  2. лаборатории за калибрација (МКС EN ISO/IEC 17025)
  3. инспекциски тела (МКС EN ISO/IEC 17020)
  4. сертификациони тела за :
    • сертифицирање на производи (МКС EN 45011);
    • сертифицирање на системи за управување (МКС EN ISO/IEC 17021);
    • сертифицирање на лица (МКС EN ISO/IEC 17024);
ИАРМ со своето работење :
  • придонесува кон развојот на националната инфраструктура на квалитет;
  • посредно придонесува кон подобрување на квалитетот на производите и услугите;
  • зголемување на општата безбедност;
  • ја подобрува конкуренцијата; и
  • ја помага глобализацијата на економијата врз основа на чесна конкуренција.
Начин на раководење

ИАРМ се зазема за изградба на транспарентна структура, јавна достапност на документите, признание од страна на корисниците за коректниот однос и навремено информирање. Изведување на акредитацијата се темели на стручност, транспарентност, независност, непристрасност и непрофитност. На тој начин ИАРМ придонесува за напредок на Република Македонија и согласно своите можности учествува во напредок на европската и меѓународната акредитација. Акредитацијата се изведува секогаш на барање на клиентот. ИАРМ ја спроведува процедурата за акредитација врз основа на договор со кој се дефинираат меѓусебните права и обврски помеѓу ИАРМ и клиентот/корисникот на услугата. Својата дејност ИАРМ ја извршува на недискриминаторски начин, така што на секој корисник на услуга, којшто во процедурата за акредитација ќе покаже дека ги исполнува барања на стандардот според кој бара акредитација,  му се издава сертификат за акредитација.