Прв состанок на Tехничкиот комитет за лаборатории за тестирање


Почитувани,

 
Ве известуваме дека на ден 16.11.2009 во 12 часот во Институтот за акредитација на Република Македонија ќе се одржи првиот состанок на Tехничкиот комитет за лаборатории за тестирање.
 
За овој состанок го предлагаме следниов:

  

Дневен ред
 
  1. Информација за отпочнување со работа на техничките комитети.

  2. Определување на делокруг на работа на техничкиот комитет.

  3. Разгледување на правилникот за начинот на обезбедување на мерна следливост во РМ.

  4. Разно.

 
Вo прилог ви ги доставуваме Правилникот за основање и работа на техничките комитети (Р13) и Правилникот за начинот на обезбедување на мерна следливост во Република Македонија (Р11).
 
 
Со почит,
 
 
        Директор,
 Д-р Трпе Ристоски