Потпишани договори со акредитационите тела на Република Косово и Република Турција

Во рамки на Тркалезната маса на телата за акредитација на Југоисточна Европа која се одржа на  13 и 14 Мај, 2009 година во Скопје, Институтот за акредитација на Република Македонија потпиша Договори за соработка со акредитационите тела на Република Косово (DAK) и Република Турција (TURKAK).  

Целта на овие Договори е да се обезбеди постојана соработка помеѓу договорните страни заради хармонизација на процесот на акредитација во регионот, со активно учество на акредитационите тела во развојот и унапредувањето на процесот на акредитација во трите држави. 

Потпишаните Договори претставуваат чекор напред во либерализацијата на трговијата во регионот и за настап на европскиот пазар, со што се создава уште една можност да се отстранат сите можни технички бариери за трговијата која и сега  е на задоволително ниво, но со вакви активности уште повеќе ќе зајакне.   

Во рамките на потпишаните Договори, договорните страни ќе соработуваат во областа на акредитацијата на лаборатории кoи вршат тестирање и калибрација, телата кои вршат сертификација на производи, системи на управување, лица и инспекциски тела. Како израз на својата решеност да соработуваат, договорните страни периодично, а најмалку еднаш годишно, ќе утврдуваат програми за соработка со конкретни проекти.

Од потпишувањето на Договорот со Република Косово



Од потпишувањето на Договорот со Република Турција

 

ЈАВЕН ПОВИК