Секторски комитети

    Во рамките на развојната техничка соработка меѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија во тек е  Проектот за транспозиција на техничките прописи на ЕУ во македонското законодавство.

   За реализација на одредени активности од Проектот, формирани се Секторски Комитети, составени од експерти од соодветните сектори и координатори.
    Формирани се шест Секторски Комитети и тоа: 
1. Секторски Комитет за електрика, електроника и електрични машини
       - координатор: Драган Велевски

2. Секторски Комитет за опрема под притисок, пренослива опрема под притисок и челични градежни производи
       - координатор: Наташа Несторовска Спасовска

3. Секторски Комитет за лифтови и опрема за подигнување
       - координатор: Теодора Ташевска

4. Секторски Комитет за градежни производи
      - координатор: Весна Георгиевска

5. Секторски Комитет за возила 
     - координатор: Дејан Стојковски

6. Секторски Комитет за услови во кои се користи техничката опрема 
     - координатор: Анита Талаја

   Координаторите на сите Секторски Комитети се претставници на Институтот за акредитација на Република Македонија.