Обуката за претставување на критериумите и стандардите за акредитација

 

Целта беше да се направи ретроспектива и претставување на критериумите истандардите за акредитација.

Во периодот од 12-16.05.2008 година, беше организирана петдневна Обука за претставување на критериумите и стандардите за акредитација, согласно правилниците од новиот приод, во просториите на Машински факултет. Обуката беше изведена во соработка со Германското Друштво за Техничка Соработка (ГТЗ).  Обуката беше Obukaорганизирана за клиентите и потенцијалните клиенти на ИАРМ и истата беше изведена од вработени во ИАРМ и експерти на ГТЗ, со присуство на одговорните лица од Министерството за економија на Република Македонија и Државниот Инспекторат за Техничка Инспекција.

Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења од за следните стандарди:        
         -  инспекциски тела (ISO/IEC 17020:2004
        -  лаборатори за тестирање и калибрација (ISO/IEC 17025:2005)
         - сертификационите тела за производи (EN 45011), системи (EN 45012, ISO/IEC 17021) и  персонал (ISO/IEC 17024)  

Документи за обуката, и тоа: покана, пријава и програма на обуката, и известувања беа испратени до сите релевантни субјекти. Присуството на обуката беше без котизација и со околу 17 (седунаесет) партиципиенти дневно. Би сакале да напоменеме дека обуката највеќе се однесуваше на правните субјекти кои вршат дејности на оцена на сообразност во следните области:  - опрема под притисок, - топловодни бојлери, - ладилни постројки, - опрема за лична заштита  Обуката се изведуваше според однапред изготвен Програма за обука. Секој учесник доби материјал т.е. примероци од презентациите, а на крајот на предавањата беше поделено CD  со сите презентации. 

Имено, првиот ден (12.05.) беа опфатени следните теми:
         - Краток вовед “Оцена на сообразност во Европа”;
         - Сертификациони тела за персонал (ISO/IEC 17024); 
         - Спроведување на Сертификација на персонал (пример според EN 473). 

Вториот ден се однесуваше на: 
         - Сертификационо тело за производ (EN 45011); 
         - Спроведување на сертификација на производ (пример: опрема под притисок). 

Третиот ден се однесуваше на:  
         - Сертификациони тела за системи за управување (ISO/IEC 17021); 
         - Спроведување на сертификација на системи за (пример: Производител на опрема под притисок) 

Четвртиот ден беа претставени  >
         - Општите критериуми за работа на различни типови на тела што вршат инспекција согласно стандардот EN ISO/IEC 17020:2004, како и упатството за примена на горенаведениот стандард, IAF/ILAC-A4:2004. 

Последниот ден беа претставени општите барања на компетентноста на лабораториите за тестирање и калибрација, согласно EN ISO/IEC 17025:2005. 

 

PUBLIC ANNOUNCEMENT