ИАРМ организираше тренинг курс на 06 октомври 2008

   На ден 06.10.2008 година, од страна на ИАРМ како национален провајдер беше организиран еднодневен тренинг курс со наслов "Принцип и примена на метрологијата во хемијата и физичките мерења", во просториите на Бирото за метрологија.   Тренинг курсот беше изведен согласно програмата Training in Metrology in Chemistry (TrainMiC). TrainMiС е европска програма за обука, координирана од страна на Institut for Reference Materials and Measurements (IRMM), која промовира и обезбедува широко хармонизирана обука на европско ниво за метрологијата во хемијата преку мрежа на национални провајдери.

TrainMiС програмата има за цел подобрување на квалитетот на аналитичките резултати во Република Македонија. Беа презентирани четири предавања со следниве теми: "Закон за метрологија", "Метрологија во хемија – основа за споредливост во хемиските мерења", "Валидација на методата за определување на хлориди во вода (ISO 10304 -1; ISO 10304-2) со техника на јонска хроматографија според ISO 8466-1", "Проценка на буџетот на неопределености при гама - спектрометриска анализа на проби од животна средина" Тренинг курсот беше организиран за клиентите на ИАРМ. Целта на тренинг курсот беше учесниците да се стекнат со практично искуство за примената на метрологијата во хемијата и физичките мерења. 

Документите за тренинг курсот, и тоа : покана, пријава и програма, беа испратени до сите релевантни субјекти, а исто така беа истакнати и на web site-oт на ИАРМ. Беше направен избор од 28 учесници. Беа вклучени  претставници на веќе акредитираните лаборатории при Градските заводи за здравствена заштита, Републичкиот завод за здравствена заштита, претставници од факултетите (фармацевтски факултет, факултет за ветеринарна медицина), претставници од Институтот за превентивна медицина при Воена болница – Скопје, Институтот за стандардизација, Бирото за метрологија, како и претставници од Централната лабораторија при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Тренинг курсот се изведуваше според однапред изготвена Програма. Секој учесник доби подготвен материјал кој се состоеше од репрезентативен материјал (нотес и пенкало) и CD на кое се наоѓаа сите четири презентации.  Тренинг курсот во целост се изведе според предвидената програма.  За овие предавање беа ангажирани предавачите: М-р Данчо Пендовски и Инг.Бети Вуковојац од Бирото за метрологија, Д-р Весна Костиќ од Републички завод за здравствена заштита, која е воедно и Национален TrainMiC Амбасадор и М-р Зденка Стојановска исто така од Републички завод за здравствена заштита.

Презентациите беа подготвени во Power point  и презентирани на LCD проектор.  На секој учесник му беше доделен Сертификат за учество.  

 

ЈАВЕН ПОВИК