Институтот за Акредитација на Република Македонија (ИАРМ) потпиша Договор за соработка со националното акредитационо тело на Република Бугарија

 

На 24.11.2008 година Институтот за Акредитација на Република Македонија (ИАРМ) потпиша Договор за соработка со националното акредитационото тело на Република Бугарија, Bulgarian Accreditation Service (BAS)
 
Во рамките на прославата, по повод 10 годишнината од работењето на Bulgarian Accreditation Service (BAS), во Софија, Република Бугарија, двете национални акредитациони тела, ИАРМ и BAS, потпишаа меѓусебен Договор за соработка.   На овој свечен чин, покрај претставниците на ИАРМ и BAS, присуствуваа и високи претставници на Владата на Република Бугарија и в.д. Амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија, Госпоѓа Јадранка Чаушевска Димова.  Предмет на потпишаниот Договор за соработка е континуирана соработка помеѓу двете акредитациони тела за постигнување на еднообразен акредитационен процес во регионот и обезбедување взаемна поддршка за развој и унапредување на акредитационите активности во двете земји. Во рамките на ЕА принципите, двете страни потписнички на Договорот, ги зацртаа следниве цели и задачи:

  • Да ја развиваат и одржуваат меѓусебната доверба,  Да постигнат и одржуваат еквивалентност и хармонизација на акредитационите активности во согласност со упатствата од EA, IAF и ILAC, 
     
  • Да организираат размена на информации за акредитација, применета на национално ниво,
  • Да ги идентификуваат и да го промовираат отклонувањето на техничките или административните бариери во трговијата, од областа на акредитацијата,
  • Да промовираат доследна интерпретација и апликација на нормативните документи и да предлагаат акции за олеснување на имплементацијата,
  • Да ги идентификуваат специфичните технички проблеми кои можат да бидат предмет на проекти за соработка, 
  • Да одржуваат работни врски со релевантните тела и промоција на инфраструктурата поврзана со хармонизација на акредитацијата, 
  • Да дебатираат околу трендовите и да воспостават критериуми за опсегот на акредитација и да одржуваат канали за постојан проток на знаења, 
  • Меѓусебно да се поддржуваат  за зачленување во целиот опсег на мултилатералните договори за взаемно признавање MLA.


Со цел да ги реализираат задачите и да ги постигнат зацртаните цели, двете акредитациони тела, меѓуостанатото се договорија: 

  • Да организираат меѓусебни посети на водечките оценувачи, оценувачите и експертите при изведба на акредитациониот процес, 
  • Да учествуваат во реализација на заеднички проекти (како на пр. заеднички оценувања за акредитација), 
  • Да земаат учество во активности за обука развиени од секое од акредитационите тела,  Да разменуваат оценувачи и водечки оценувачи.

 

 

Линкови

АТSАкредитационо тела на Србија

(www.ats.rs)


АТCGАкредитационо  тело на Црна Гора

( www.atcg.co.me)


HAA – Хрватска Агенција за Акредитација

(www.akreditacija.hr)


DA –Акредитационо тело на Република Албанија

(www.albanianaccreditation.gov.al)


DAK-Акредитационо тело на Косово

(www.mti-ks.org)


TURKAK- Акредитационо тело на  Република Турција

(www.turkak.org.tr)


BAS Акредитационо тело на  Република Бугарија

(www.nab-bas.bg)