ИАРМ организираше тренинг курс на 06 октомври 2008
ИАРМ како национален провајдер организираше тренинг курс со наслов "Принцип и примена на метрологијата во хемијата и физичките мерења" согласно програмата Training in Metrology in Chemistry (TrainMiC).
повеќе
ЈАВЕН ПОВИК ЗА експерти за работа во Секторски комитети
Во рамките на развојната техничка соработка меѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија во тек е Проектот за транспозиција на техничките прописи на ЕУ во македонското законодавство. За реализација на одредени активности од Проектот, се формираат секторски комитети, за што Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со ГТЗ – Канцеларијата за поддршка на техничката соработка, Скопје објавува Јавен повик за експерти во секторски комитети.
Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена, сметано од денот на објавувањето во дневниот печат.
Јавниот повик е објавен во дневните весници „Дневник“ и Утрински весник“ на 29.09.2008 година.
повеќе
Обуката за претставување на критериумите и стандардите за акредитација
Институтот за Акредитација на Република Македонија, поддржан од Германското Друштво за Техничка Соработка (ГТЗ), во периодот од 12 до 16 мај 2008 година, организираше еднонеделна обука за подготовка на телата кои се предмет на задолжителна постапка на акредитација како дел од постапката за овластување, согласно законската регулатива. Обуката беше изведена од вработени во ИАРМ и експерти на ГТЗ.
Целта беше да се направи ретроспектива и претставување на критериумите истандардите за акредитација.
 повеќе фото
ИАРМ
потпиша договор со Акредитационото Тело на Република Албанија (ДА)
На 20. февруари 2008 година, Институтот за акредитација на Република Македонија потпиша Договор за соработка со Акредитационото Тело на Република Албанија (ДА)....
повеќе фото
ИАРМ
потпиша билатерални договори со Акредитационото Тело на Србија и Акредитационото Тело на Црна Гора 
На 29. јануари 2008 година, Институтот за акредитација на Република Македонија потпиша билатерални договори за соработка во областа на акредитацијата со Акредитационото Тело на Србија и Акредитационото Тело на Црна Гора....
повеќе фото
Обука за оценувачи

ИАРМ во периодот од 11 до 15 февруари 2008 година, успешно ја релизира обуката за оценувачи. Обуката беше изведена во соработка со Акредитационото тело на Црна Гора (АТЦГ) и Акредитационото тело на Србија (АТС), согласно Договорите за соработка во областа на акредитација со истите акредитациони тела, потпишани на 9.јануари 2008 година. ....
повеќе фото програма
|