Краток опис на постапката за добивање
на акредитација
1. Заинтересираност за акредитација
- Кратки информации за постапката за акрeдитација може да добијат
по телефон, на WEB страна, состанок во ИАРМ,
2. Доставување на пријава за акредитација од страна на клиентот
- Разгледување на пријавата од страна на раководителот на сектор
и донесување одлука за отпочнување на постапка за акредитација
од страна на директорот;
- За разгледување на пријавата, на клиентот му се доставува профактура
3. Барање на дополнителна документација од страна на клиентот (Прирачник
за квалитет, процедури, список на други документи и друго).
4. Доставување на бараната документација од страна на клиентот
до ИАРМ.
5. Определување на водечки оценувач од страна на директорот од
листата на домашни оценувачи.
6. Разгледување на документацијата и подготвување на извештај од
прегледот од страна на водечкиот оценувач. Во извештајот се наведуваат
воочените несообразности или забелешки кои треба да се отклонат
за да се продолжи со постапката за акредитација.
Забелешка: Доколку клиентот во пријавата изјави дека би сакал
да се направи прелиминарна посета, тогаш по направената посета водечкиот
оценувач изготвува извештај од прегледот на документацијата и прелиминарната
посета.
7. Известување од страна на клиентот дека воочените несообразности
/ забелешки се отклонети и документираност за истите.
8. Одредување на тим за оценка од страна директорот од листата
на домашни страни оценувачи и експерти.
9. Проценка на цената на чинење на оценувањето во зависност од
бројот на оценувачите / експертите во оценувачкиот тим и бројот
на денови за оценка.
10. Договор за спроведување на постапка за акредитација помеѓу
ИАРМ и клиентот и доставување про-фактура.
11. Договори за учество во постапката за акредитација помеѓу ИАРМ
и оценувачите
12. Подготовка на програмата за оценување од страна на водечкиот
оценувач во соработка со другите членови од тимот.
13. Посета (едно или повеќе дневна во зависност од опсегот на оценување
/ барање за акредитација) на клиентот за оцена на нивната компетентност
согласно барања во соодветен стандард.
14. Поднесување извештај од оценката од страна на водечкиот оценувач
и препорака за понатамошна постапка од страна на сите оценувачи
од тимот (како на пример доделување или не-доделување на акредитација,
намалување или проширување на опсегот, суспензија, повлекување или
продолжување на доделената акредитација).
Забелешка: Доколку при оценката се утврдени одредени несообразности
клиентот е должен да превземе корективни мерки за отклонување на
истите и за тоа да го извести ИАРМ во рок кој е определен на оценката.
Доколку отклонувањето на несообразноста може да се верификува од
соодветна документација, истата се доставува до ИАРМ односно оценувачкиот
тим. Ако се работи за отклонета несообразност за чија верификација
е потребна сведочење на лице место, тогаш оценувачкиот тим ќе направи
уште една посета.
15. Донесување одлука за акредитација од страна на директорот врз
основа на препораките на оценувачкиот тим и извештајот од оценување
и доделување сертификат и прилог на сертификатот за акредитација.
горе |