ISO/IEC 17021:2006, Оцена на сообразност
- барања за телата кои изведуваат аудит и сертификација на системи
за управување
Меѓународниот стандард ISO/IEC 17021:2006 ги заменува ISO/IEC Упатство
62 (EN 45012) и ISO/IEC Упатство 65. Во овој стандард се комбинирани
барањата од двете упатства и технички се ревидирани. ISO/IEC 17021:2006
ги содржи принципите и барањата за компетентност, конзистентност
и непристрастност за сите типови на системи за управување со аудит
(проверки) и сертификација (на пр. Системи за управување со квалитет
или системи за управување со животна средина) и за телата кои ги
обезбедуваат тие активности. Сертификационите тела кои работат согласно
овој стандард не се обврзани да нудаат сертификација за сите типови
сертификациони системи за управување.
Сертификацијата на системите за управуање е активност на оцена
на сообразност од „трета страна“. Телата кои ја извршуваат оваа
активност се таканаречени „трета страна“, тела за оцена на сообразност.
Новиот ISO/IEC 17021:2006 стандард - зголемување на довербата
во сертификацијата на системите за управување
Стотици од илјадниците организации ширум светот, нивните клиенти,
потрошувачите и регулаторите сметаат дека користа од новиот ISO/IEC
стандард е во зголемената доверба во сертификацијата на системот
за управување.
ISO/IEC 17021:2006, Оцена на сообразност - барања за телата кои
изведуваат аудит и сертификација на системи за управување
ISO/IEC 17021:2006, Оцена на сообразност - барања за телата кои
изведуваат аудит и сертификација на системи за управување, поставува
ригорозните барања за компетентност и непристрастност на телата
кои изведуваат аудит и сертификација по стандардите како ISO 9001:2000
(управување со квалитет) ISO 14001:2004 (управување со животна средина).
Новиот стандард има огромно потенцијално влијание во однос на последните
показатели. Околу 888 000 организации во 161 земја имаат независна
сертификација за ISO 9001:2000 и/или ISO 14001:2004
ISO/IEC 17021:2006
ISO/IEC 17021:2006 е компатибилен на идната експанзија на сертификацијата
на системот за управување. Дизајниран е на основа на меѓународни
хармонизирани барања на телата за сертификација и нивните активности
кои не се однесуваат само на ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004, туку
и за новите стандарди за управување со безбедност на храна (ISO
22000), безбедност за информациите (ISO/IEC 27001:2005) и обезбедувње
на ланец на безбедносни мерки ( ISO/PAS 28000:2005), како и на други
стандарди кои можат да се развијат во иднина.
Замената и подобрувањето на двете ISO/IEC Упатства (62 и 65) со
ISO/IEC 17021:2006 е реализирано со меѓународен концензус и добра
пракса. Во стандардот е инкорпорирано и упатството развиено од IAF
- меѓународна асоцијација на телата за акредитација од многу земји
за потврдување (акредитирање) на компетентноста на сертификационите
тела.
ISO/IEC 17021:2006 претставува нов модел на стандарди кој претставува
ISO алатка за оцена на сообразност за евалуација на производи, услуги,
системи, процеси и материјали согласно стандарди, регулативи или
други спецификации. Тој е новина во претставувањето на принципите
за сертификација и од него произлегуваат основните барања за изведба.
Овие принципи ја покриваат непристрастноста, компетентноста, одговорноста,
отвореноста, доверливоста и одговарање на желбите. Стандардот ја
истакнува потребата да се обезбеди компетентност на целиот персонал
на сертификационото тело - не само на аудиоторите - во процесот
на сертификација на системите за управување.
Барањата за непристрастност вклучуваат: демонстрирање од страна
на врвното раководство на сертификационото тело потреба за избегнување
на конфликт на интереси помеѓу сертификација и консултации, обука
и интерни проверки, маркетинг на сертификационите услуги и подизведување
на аудити.
Од сертификационото тело се бара да назначат комитет за заштита
на непристрастноста. Стандардот бара комитетот да може ги вклучи
претставниците од клиентите на сертификационото тело, клиенти на
нивните клиенти, трговски асоцијации, регулаторни тела, владини
и невладини организации и организации за заштита на потрошувачите.
Од сетификационите тела се бара да имплементираат систем за управување
согласно барањата во ISO/IEC 17021:2006.
Забелешка: Сертификацијата на сообразноста не е
барање на ISO стандардите, организациите можат да го имплементираат
ISO/IEC 9001:2000 и ISO/IEC 14001:2004 и без сертификација. Илјадници
организации ја избираат сертификацијата како независна потврда и
додадена вредност.
ISO Комитетот за оцена на сообразност (CASCO), развива доброволни
стандарди и упатства, за да ширум светот ја охрабри добрата пракса
и конзистентноста во однос на акредитација, сертификација и сродни
активности.
IAF - меѓународниот форум за акредитација во консултации
со ISO, меѓународната организација за стандардизација, за термин
за имплементација на стандардот ISO/IEC 17021:2006 го одреди 15
септември 2008.
Во транзициониот период, телата за сертификација, акредитирани
согласно барањата во ISO/IEC Упатство 62 (EN 45012) и ISO/IEC Упатство
66, треба да ги задоволат барањата на новиот стандард ISO/IEC 17021:2006.
ИАРМ, исто така го прифаќа овој термин за краен рок на
имплементација на стандардот ISO/IEC 17021:2006, како во телата
за сертификација кои веќе се акредитирани, така да и во телата за
сертификација кои се подготвуваат за акредитација.
горе |