Слика за растојание - Институт за акредитација на Република Македонија
Слика за растојание - Институт за акредитација на Република Македонија
Линк - Акредитација во Македонија  
Што е акредитација?
Предности на акредитацијата
Услови за акредитација
Постапка за акредитација
Информативни материјали
Линк - Соработка
Линк - Акредитирани органи
Линк - Документи
Линк - Меѓулабораториски споредби (ILC, PT)
Линк - Проекти
Линк - Архива
Ќош - Институт за акредитација на Република Македонија    Дома > Акредитација во Македонија > Услови за акредитација Ќош - Институт за акредитација на Република Македонија

Услови за акредитација

Странка која сака да биде акредитирана од страна на ИАРМ, мора да ги исполни барањата наведени во серијата на стандарди ЕN 45000 или EN ISO/IEC 17000.

Сите тие документи бараат од странката да располага со документација која го појаснува нивниот правен идентитет, организација, систем за квалитет, контрола на документите, обучен персонал, техничка обученост и способност, постапки за работа, соодветни записи и документите кои се издаваат.

Лабораториите може да добијат акредитација за тестирањe или калибрациja. Стандардот ISO/IEC 17025 ги определува и барањата за давање мислење и интрепетација во извештаите од лабораторијта , иако ИАРМ за таа активност не нуди акредитација.

Сертификационите тела може да добијат акредитација за сертифицирање на производи, системи, услуги или лица. Телата за сертифицирање на производи издаваат сертификат за сообразност на производите и/или дозвола за употреба на знакот за сертификација од страна на производителот или друг добавувач и врз основа на тоа за производите за кои превземаат одговорност дека тие се изработени во согласност со технички или други прописи, стандарди или технички спецификации ги означуваат со знакот за сообразност.

Телата за сертификација на услуги или системи за квалитет издаваат сертификат за сообразност на организации, кога нивниот систем за квалитет ги задоволува барањата на еден од стандардите од серијата ISO 9000.

Телата за сертификација на персонал ја потврдуваат оспособеноста на одреден поединец за извршување на одредена работа со тоа што му издаваат сертификат за оспособеност.

Инспекциските (контролни) тела , на основа на резултатите од тестирањето на производите, нивниот дизајн и употреба, процесот, производство и целокупната работа ја оценуваат нивната сообразност со одредени специфични или општи барања. По извршената контрола, тие издаваат извештај или сертификат во кои како задолжителен составен дел е изјавата за сообразност.

горе