Предности на акредитацијата
Предности на акредитацијата е пред се доверба во резултатите од тестирањето, калибрирањето, сертифицирањето и контролата како и достап до меѓународни шеми за взаемно признавање на сертификатите од калибрацијата, извештаите од тестирањата и сертификатите за сообразност, односно оспособеност како и потврда од контролата. Меѓународното признавање на резултатите од тестирање, калибрирање, сертифицирање и контрола го намалува непотребното повторување на постапките и ги олеснува условите за едноставен проток на стоки, услуги и лица. Во регулираната област, акредитацијата преставува алатка која државните органи ја користи за овластување на телата за оцена на сообразност кои работат според прописи.
горе |