Тркалезна маса на телата за акредитација на Југоисточна Европа
Институтот за Акредитација на Република Македонија (ИАРМ) во соработка со Германскиот Институт за Метрологија (PTB ), организираа Тркалезна Маса на телата за акредитација на Југоисточна Европа која се одржа на 13 и 14 мај 2009 година во хотелот Бест Вестерн во Скопје.
Целта на оваа Тркалезна Маса беше зајакнување на регионалната соработка на акредитационите тела на Југоисточна Европа и идентификација на заедничките интереси и предизвици за дефинирање на можните заеднички активности и развој на план за понатамошно дејствување.
Учесници на овој настан беа представници на акредитационите тела на:
Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Грција, Турција, представници од Институтите за метрологија на Германија и Бугарија, како и домашни учесници од ИАРМ, Бирото за метрологија и Министерството за Економија на Република Македонија.
Тркалезната Маса, со краток поздравен говор ја отвори Заменик Министерот за Економија, Д-р Методиј Хаџи - Васков.
 повеќе фото
Потпишани договори со акредитационите тела на Република Косово и Република Турција
Во рамки на Тркалезната маса на телата за акредитација на Југоисточна Европа која се одржа на 13 и 14 Мај, 2009 година во Скопје, Институтот за акредитација на Република Македонија потпиша Договори за соработка со акредитационите тела на Република Косово (DAK) и Република Турција (TURKAK).
 повеќе фото
Одржана промоцијата по повод доделувањето на Сертификати за акредитација

На 5 март 2009 година, во клубот на Органите на управата (Клуб на пратеници) - Скопје, Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) организираше свеченост по повод доделувањето на Сертификати за акредитација на акредитираните тела во 2008 година и почетокот на 2009 година.
 повеќе фото
Поднесена Aпликација за MLA
Со стекнување на статусот полноправно членство во ЕА, Институтот за акредитација на Република Македонија пред себе постави нова визија, потпишување на договор за меѓусебно признавање на резултатите во рамките на ЕА (Multi Lateral Agreement - MLA)
 повеќе
ИАРМ членка во Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC)
На 1 декември 2008 година ИАРМ стана членка на Меѓународната организација  за акредитација на лаборатории International Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC) ... .
 повеќе
Секторски комитети
Во рамките на развојната техничка соработка меѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија во тек е Проектот за транспозиција на техничките прописи на ЕУ во македонското законодавство.
За реализација на одредени активности од Проектот, формирани се Секторски Комитети, составени од експерти од соодветните сектори и координатори.
повеќе
ИАРМ
полноправна членка во Европската организација за акредитација (ЕА)
На Генералната асамблеа одржана на 19 и 20 ноември 2007 година,
во Никозија, Кипар, ИАРМ стана полноправна членка во Европската
организација за акредитација....
повеќе
Јавен повик за експерти
ИАРМ има потреба од експерти од различни области, за изведба на
процесот на акредитација за телата за оцена на сообразност (лаборатории
за тестирање и калибрирање, сертификациони и инспекциски тела)....
повеќе
(образец)
Р15
|